Од 2014 на Гугл и на македонски јазик

Bez autora
Mar 18 2012

До 2014 година преку интернет-пребарувачот Гугл и на македонски јазик ќе може да се најдат сите патенти и патентни апликации регистрирани во Европскиот завод за патенти и Европската патентна асоцијација. Тоа, според претседателот на овие две организации, Беноа Батистели, ќе им овозможи на македонските компании, индустријата, научната и академската јавност да бидат во тек со иновациите, односно поедноставен пристап до техничката документација содржана во патентите. Патентирањето ја забрзува иновативноста, дава додадена вредност на заштитените технологии и производи, ја подобрува конкурентноста, го поттикнува развојот на економијата и овозможува отворање нови работни места.

Од 2014 на Гугл и на македонски јазикДо 2014 година преку интернет-пребарувачот Гугл и на македонски јазик ќе може да се најдат сите патенти и патентни апликации регистрирани во Европскиот завод за патенти и Европската патентна асоцијација.

Тоа, според претседателот на овие две организации, Беноа Батистели, ќе им овозможи на македонските компании, индустријата, научната и академската јавност да бидат во тек со иновациите, односно поедноставен пристап до техничката документација содржана во патентите.

- Патентирањето ја забрзува иновативноста, дава додадена вредност на заштитените технологии и производи, ја подобрува конкурентноста, го поттикнува развојот на економијата и овозможува отворање нови работни места - истакна Батистели по средбата со директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули.

Процесот на патентирање е долг, со исклучително високи критериуми и строго селективен, а чини 25.000 евра што, според Батистели, не е трошок, туку инвестиција од која профитот може да биде многу голем. Просечно, од 100 апликации во постапка влегуваат 40 отсто. Лани до Европскиот завод за патенти пристигнале 250.000 патентни пријави од кои се признаени 60.000. Меѓу пријавените лани има и македонски, но се уште е рано да се каже дали некои од производите или технологиите ќе биде патентиран.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik